Рецепти
Ароматични германски колачиња
Традиционални германски божиќни колачиња од мешавина ароматични зачини кои им даваат на колачињата извонреден вкус
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ЕвропскиКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Меласа(1/2 Чаша)
Несолен путер(1/2 Чаша)
Мед(1/4 Чаша)
Брашно(4 Чаши)
Шеќер(3/4 Чаша)
Кафеав шеќер(1/2 Чаша)
Цимет(2 Кафени лажици)
Кардамом(1 1/2 Кафена лажица)
Прашок за печиво(1 1/2 Кафена лажица)
Ѓумбир во прав(1 Кафена лажица)
Каранфилче(1 Кафена лажица)
Морско оревче(1 Кафена лажица)
Бибер(1 Кафена лажица)
Сол(1/2 Кафена лажица)
Јајце(2 )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути
- Во длабок сад измешајте ја меласата, медот и путерот. Ставете го садот на оган на тивко и мешајте додека да се растопи путерот и додека сите состојки се комбинираат во кремаста смеса, но не ја зовривајте смесата.
- Кога малку ќе се подолади смесата, додајте ги изматените јајца, измешајте и оставете настрана да се излади целосно.
- Во друг сад измешајте го брашното, шеќерот, кафеавиот шеќер, циметот, печивото, кардамомот, морското оревче, каранфилот, ѓумбирот, сол и бибер.
- Во смесата со јајцата додајте ги сувите состојки и мешајте сè заедно додека смесата не се соедини убаво. Потоа ставете ја смесата 2 часа да отстои во фрижидер.
- Загрејте ја рерната на 160 степени.
- Од смесата формитајте мали топчиња (со дијаметар околу 1 и пол сантиметар). Наредете ги врз намастена хартија за печење во плех, со растојание помеѓу и печете ги 12-15 минути.
- Откако целосно ќе се оладат, посипете ги шеќер во прав и послужете ги.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во