Рецепти
Баклава со брусници Ана Ристеска

Сега слободно можете да кажете дека сте пробале секаква баклава 🙂

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Готови кори(500 Грама)

Јајце(4 )

Шеќер(4 Супени лажици)

Брусница(300 Грама)

Гриз(10 Супени лажици)

Јогурт(200 Милилитри)

Масло(200 Милилитри)

Шеќер(400 Грама)

Вода(600 Милилитри)

Мед(4 Супени лажици)

Лимон(1 )

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 60 минути

  1. Во сад за матење ги кршиме јајцата. Го додаваме шеќерот и матиме со миксер додека не се растопи. Ги додаваме брусниците, 2 лажици масло, јогуртот и гризот. Непрекинато мешаме со лажица додека филот не се соедини.
  2. Две кори попрскуваме со по неколку лажици од преостанатото масло и ги ставаме една врз друга. Врз нив ја ставаме третата кора и ја премачкуваме со фил. Ги свиткуваме краевите на корите кон средината и виткаме ролат. Го ставаме во правоаголна тава за печење.
  3. На истиот начин подготвуваме уште 4 ролати и ги редиме во тавата. Тавата ја ставаме во рерна, печеме 30 минути на 180 степени и ја вадиме од рерна. Ја сечеме баклавата на парчиња.
  4. Започнуваме со подготовка на шербетот. Во тенџере на оган си ставаме шеќерот, водата и медот. Половина лимон цедиме во цедалка. И лимоновиот сок го додаваме во тенџерето. По 15 минути варење тенџерето со шербетот го тргаме од оган. Со врелиот шербет ја преливаме изладената баклава. Откако баклавата ќе се излади и ќе го впие шербетот е подготвена за служење.
Сиров чоколаден тарт
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Бели топчиња
Колач со круши и бадеми
Оревки
Сусам топчиња
Колачиња зелени елки
Цимет ѕвездички
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Торта фантазија
Ролат со кокос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: