Рецепти
Баварска торта Ана Ристеска

Лесен десерт кој не содржи ниту грам шеќер, а на специфичниот кремаст вкус нема да може лесно да му одолеете.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Црно чоколадо(240 Грама)

Путер(50 Грама)

Жолчка од јајце(9 )

Белка од јајце(9 )

Шеќер(180 Грама)

Млеко(250 Милилитри)

Желатин(1 Пакување)

Слатка павлака(200 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 70 минути

  1. Загрејте ја рерната на 180 степени. Растопете го чоколадото на пареа, додајте го путерот и измешајте.
  2. Со миксер убаво изматете 5 жолчки со 20 грама шеќер.
  3. Белките матете ги со 60 грама шеќер додека не се направи цврста пена.
  4. Потоа во белките додајте ги жолчките и рачно матете, а по нив додајте го и растопеното чоколадо.
  5. Истурете ја смесата во калап намачкан со путер и печете 30 минути. Извадете го тестото од рерна и додека се лади подгответе го филот.
  6. Ставете 50 грама од шеќерот во млекото и ставете ги на рингла да се загреат, а останатите 50 грама ставете ги во 4 жолчки и изматете ги.
  7. Смесата од јајца и шеќер постепено додавајте ја во млекото и варете на потивок оган додека истата не се згусне. Потоа, тргнете го кремот од јајца и млеко од ринглата и оставете да се олади.
  8. Желатинот подгответе го според упатството на пакувањето, со тоа што една лажица вода ќе ја замените со една лажица ликер од вишни.
  9. Изматете ја слатката павлака во шлаг.
  10. Растопениот желатин измешајте го со изматениот шлаг, а потоа целата смеса додајте ја во кремот од јајца, капнете неколку капки екстракт од бадеми и измешајте со лажица.
  11. Врз печеното тесто прелијте го кремот и оставете го во фрижидер да се олади (задолжително до утрешниот ден). Тортата може да ја украсите со парченца чоколадо или какао во прав.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: