Рецепти
Бела лешник торта Ана Ѓорова

Изненадете ги најмилите и подгответе ја тортата за роденденско изненадување или едноставно ако ви се јаде нешто благо, а вкусно

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Белка од јајце(5 за кората )

Шеќер(5 лажици за кората )

Брашно(5 лажици за кората )

Лешник(100 г за кората )

Млеко(800 мл за кремот )

Жолчка од јајце(5 за кремот )

Пудинг од ванила(2 пакувања за кремот )

Шеќер(5 лажици за кремот )

Брашно(2 лажици за кремот )

Маргарин(1 коцка за кремот )

Слатка павлака(500 мл за украсување )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Кора: белките се матат во цврст снег, па се додаваат шеќерот и брашното.
  2. Во плех се ставаат исечкани лешници врз кои се излева смесата за кората и се пече 15 минути на 180 степени.
  3. За кремот: се варат 600 мл млеко, жолчките пенасто се матат со шеќерот, пудингот и со брашното, па се соединуваат со преостанатото млеко.
  4. Смесата се додава во зовриеното млеко и се вари во густ крем. Се трга од оган и се остава да се излади.
  5. Во изладената смеса се додава маргаринот, претходно изматен со миксер во кремаста смеса.
  6. Кремот се дели на три дела – во првиот дел се меша изронет кекс, во вториот дел сечкани лешници, а третиот останува жолт.
  7. Финална постапка: кората се филува со еурокрем и се нанесува кремот од кекс, па жолтиот крем и врз него кремот од лешници.
  8. Се мати слатката павлака и со неа се украсува целата торта.
Посни колачи со локум
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пита со карамелизирана тиква
Евтин колач со јаболко (посно)
Колач со круши и бадеми
Цимет ѕвездички
Интегрален колач од јаболки
Торта фантазија
Ролат со кокос
Расолница
Куглов со ореви и чоколадо
Чоколадни кроасани
Рум касато
Торта со цели печени јаболки
Посен колач со јаболко и банана
Кокос коцки
Колач со јаболко
Колач со три слоја
Бели колачиња (посно)
Урма торта со ореви
Посен куглов со суво овошје
Таан баклава
Печени пирошки
Колач со јаболки и ореви
Англиска пита со бадеми
Вештерски прсти
Чоколадна парфе торта со ореви

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: