Рецепти
Брокула и карфиол со бел сос Ана Ристеска

Лесен ручек од пилешки стек, брокула и карфиол во вкусен сос од сирење и кашкавал

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брокула(1 Главица)

Карфиол(1 Главица)

Сол

Свеж сок од лимон

Пилешки гради(3-4 )

Маргарин(100 Грама)

Брашно(3 Супени лажици)

Сирење(150 Грама)

Кашкавал(100 Грама)

Зденка(2 )

Млеко(500 Милилитри)

Италијански зачин (мешан зачин)(1 Супена лажица)

Лебни трошки

Масло

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 80 минути

  1. Брокулата и карфиолот се обаруваат во вода со сол и лимонов сок. Се цедат од водата, па се цепкаат на цветчиња и се редат во тава за печење подмачкана со масло.
  2. Стековите се сечат на тенки ленти. На едниот крај од тавата се редат цветчиња карфиол, на другата страна цветчињата брокула, а во средината се става стекот.
  3. За преливот, во длабок сад на оган се растопува маргарин, па во него запржуваме 3 лажици брашно. Кога убаво ќе замириса, се додава млеко и се вари со постојано мешање за да се разбијат грутките.
  4. Потоа, во сосот се рендаат сирење и кашкавал и се додава иситнета зденка, се трга од оган.
  5. Врз продуктите во тавата се наросува 1 лажица мешан зачин, па одозгора рамномерно се истура сосот.
  6. Врз сосот рамномерно се наросуваат и лебни ронки.
  7. Садот се става во рерна и се пече на 200 степени околу 1 час додека убаво зарумени.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: