Рецепти
Бротчиња со мелено месо
Одлични како додаток на трпезата за разни пригоди
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПредјадењеТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Брашно(500 Грама)
Јајце(2 )
Путер(60 Грама)
Квасец(1 свеж )
Шеќер(1 Супена лажица)
Млеко(250 мл млако )
Мешано мелено месо(250 Грама)
Кромид(1 Главица)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути
- Кромидот ситно исечкајте го и додајте го во сад со меленото месо.
- Зачинете со сол и бибер и замесете ја смесата со рака додека да се соедини.
- Од смесата формирајте 10 топчиња.
- Квасецот изронете го и додајте го во садот со брашното, шеќерот и путерот. Додајте 1 јајце и 1 белка, посолете, додајте го млакото млеко и со рака замесете тесто.
- Тестото оставете го да стасува 30 минути.
- Стасаното тесто размесете го на набрашнета работна маса и исечете го на половина.
- Од првото парче тесто на набрашнета површина со сукало развлечете кора.
- Со чаша вадете 5 тркалезни форми. Првата со сукало развлечете ја во коричка.
- На средината ставете едно топче од мелено месо и свиткајте ги краевите на коричката кон внатрешноста, формирајќи го бротчето.
- На истиот начин формирајте ги сите бротчиња.
- На страната од каде што е топчето од мелено месо ставете ги да се пржат во поголема количина загреано масло во тава на оган.
- Откако ќе поруменат од двете страни, ставете ги врз чинија обложена со хартија.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во