Рецепти
Бурито со мешано месо
Лесен ручек од пилешко и свинско месо за љубителите на пикантниот вкус
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Мексиканска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Свинско месо(300 Грама)
Пилешко месо(300 Грама)
Црвена пиперка(2-3 )
Домат(3 средни )
Кромид(2 Главици)
Црвен пипер(лут )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути
- Свинското месо исечкајте го на ситни коцкички и пржете го на загреано масло во тава на оган.
- Пилешкиот стек исто така се сечка на ситни коцкички и се става во друга тава да се пржи. Се зачинува со вегета.
- Во трет сад се пржи ситно исечканиот кромид, па откако ќе омекне, се додаваат ситно исечканите пиперки и излупените и исечкани домати.
- Се зачинува со сол, бибер и со лутите зачини, се меша, па се додаваат и испржените меса.
- На секоја тортиља се ставаат по 2-3 лажици од испржената смеса, се виткаат и се сервираат.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во