Рецепти
Чизкејк со кафе Ана Ѓорова

Непечен колач од крем сирење и еспресо што изгледа одлично и е погоден за вашите гости

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Мелени бисквити(1 Чаша)

Несолен путер(4 Супени лажици)

Млеко(3/4 Чаша)

Желатин(во прав, 2-2 и пол лажички )

Крем сирење(680 Грама)

Павлака(225 Грама)

Шеќер(3/4 Чаша)

Екстракт од ванила(2 Кафени лажици)

Еспресо(3 Супени лажици)

Шлаг во прав(1 Пакување)

Цимет

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути + 4 часа во фрижидер

Пандишпан:

  1. Измешајте ги мелените бисквити со растопениот путер додека бисквитите убаво впијат од течноста. Со прстите притиснете ја смесата во кружен калап со пречник од 22-24 см и убаво натапкајте ја на површината. Оставете да отстои во фрижидер додека го подготвувате филот.

Фил:

  1. Млекото со желатинот во прав ставете го во мало тенџере и оставете го да отстои 2 миинути.
  2. Потоа тенџерето ставете го на рингла на тивок оган и гответе со постојано мешање додека желатинот се растопи.
  3. Тргнете од оган и оставете ја смесата да се подолади.
  4. Во меѓувреме изматете го со миксер крем сирењето. Додајте ги павлаката, шеќерот и ванилата и повторно добро изматете; постепено додавајте ја оладената смеса со желатинот.
  5. Кафето измешајте го со 1 и пол лажица врела вода додека се соедини. Потоа постепено додавајте го и кафето во смесата со крем сирењето и матете уште кратко.

Финална постапка:

  1. Со лажица премачкајте го филот врз пандишпанот и убаво израмнете. Покријте со фолија и оставете го колачот да отстои 4 часа во фрижидер.
  2. Потоа изматете шлаг и декорирајте го одозгора колачот, посипете со цимет, исечете го на парчиња и послужете го. Чувајте го во фрижидер.
Посни колачи со локум
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пита со карамелизирана тиква
Евтин колач со јаболко (посно)
Колач со круши и бадеми
Цимет ѕвездички
Интегрален колач од јаболки
Торта фантазија
Ролат со кокос
Расолница
Куглов со ореви и чоколадо
Чоколадни кроасани
Рум касато
Торта со цели печени јаболки
Посен колач со јаболко и банана
Кокос коцки
Колач со јаболко
Колач со три слоја
Бели колачиња (посно)
Урма торта со ореви
Посен куглов со суво овошје
Таан баклава
Печени пирошки
Колач со јаболки и ореви
Англиска пита со бадеми
Вештерски прсти
Чоколадна парфе торта со ореви

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: