Рецепти

Фетучини Алфредо
Популарно италијанско јадење со сочен сос и со пармезан. Добар апетит!
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Италијанска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Фетучини(1/2 Пакување)
Кромид(2 помали главици )
Рендан пармезан(1 кесичка )
Путер(2 Супени лажици)
Лук(1 мало чешне )
Хопла(2 чаши неутрална )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути
- Тестенините се ставаат во зовриена вода, се варат 5 минути на средна температура, се тргаат од оган и се оставаат во самата вода да се доварат.
- Во друго тенџере се растопува путерот, па се пропржуваат ситно сечканите лук и кромид, се долива маслиновото масо и се пржи 1-2 минути.
- Се додаваат хоплата и зачините, тестенините се цедат и се додаваат во хоплата и сето тоа се доварува колку малку да се згусне смесата. Внимавајте да не се распаднат тестенините додека мешате со дрвена лажица.
- На крај се додаваат сечканиот магдонос и 1/2 пакетче пармезан и се меша.
- Откако хоплата ќе згусне, тргнете од оган и сервирајте го јадењето во чинија. Одозгора наросете со преостанатитот пармезан и свеж магдонос.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во