Рецепти
Филџан бурек Ана Ѓорова

Мини буреци со фил од мелено месо и варен компир кои се многу вкусни и интересни за подготовка

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Готови кори(8 )

Мешано мелено месо(300 Грама)

Компир(3-4 средни )

Кромид(2 Главици)

Сол

Бибер

Вегета

Јајце(1 )

Млеко(неколку лажици )

Масло(неколку лажици )

Вода(2 Децилитри)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Во малку масло пропржете го кромидот, па додајте го месото и испржете го. Додајте сол, бибер и вегета.
  2. Компирите сварете ги и испасирајте ги, а потоа измешајте ги со месото.
  3. Секоја од 8-те тенки кори за пита се сече на 6 дела (коцки). Се земаат по две кори (коцки) и се собираат во шолја со краевите однадвор, со вдлабнатина во средината.

burek

4. Вдлабнатината се полни со филот, а потоа се виткаат краевите од корите кон средината, односно се покрива филот со корите и се премачкуваат со филот од јајце (1 матено јајце заедно со неколку лажици масло и неколку лажици млеко).

5. На плех се става мрсна хартија и бурекчињата се превртуваат, односно се вадат од филџанот и се ставаат на мрсна хартија. Одозгора се премачкуваат со преостанатиот прелив од јајца, се става сусам, ким или лен.

6. Така приготвени се печат во загреана рерна на 180 степени, 25 минути.

7. Плехот се вади од рерна и се премачкуваат со 2 дл превриена вода со 1 лажичка мешан зачин. Плехот се враќа во рерната и се допекува уште 10 минути.

Јафа бомбици
Банана лепче
Ванила бомбици
Колачиња со банана и урми
Пилешки дроб и срца
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Вкусна димена салама
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Крем салата со колбаси
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Тестенини со сос од туна
Лепчиња со лук и магдонос

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: