Рецепти
Филипински лумпии Ана Ѓорова

Полнети погачки со месо и зеленчук – послужете ги со павлака или со омилениот сос

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пилешки гради(400 Грама)

Грашок(конзервиран 100 грама )

Кромид(1 Главица)

Брашно(250 Грама)

Фиде(40 Грама)

Коријандер(1 лажица зрна )

Кари во прав(1 Кафена лажица)

Ѓумбир(свеж 50 грама )

Лук(1 Чешне)

Бело вино(4 Супени лажици)

Коцка за супа-пилешка(1 )

Масло

Сол

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Зрната коријандер и карито во прав ставете ги во дрвен сад за толчење и толчете ги.
  2. Свежиот ѓумбир излупете го и исечкајте го со лукот на ситни коцки и додајте ги во садот со коријандерот и карито, па повторно толчете.
  3. Смесата запржете ја во загреано масло во вок тава на оган и промешајте.
  4. Додајте ги пилешките парчиња, исечени на долгнавести парчиња и пржете ги.
  5. Додајте го и грашакот од конзерва, кромидот на резанки и кршеното фиде.
  6. Посолете и промешајте, па откако кромидот, фидето и грашакот ќе омекнат, тргнете ја вок тавата со филот од оган.
  7. Во тенџере со вода на оган варете ја коцката за супа. Додајте го виното, тргнете од оган и оставете ја супата да се олади.
  8. Од изладената супа со вино додавајте во садот со брашното за да добиете смеса погуста отколку за палачинки. Мешајте со жица за матење додека смесата се соедини.
  9. Со црпалка земајте од смесата и пржете во тава на оган со масло.
  10. На непржената страна на првата палачинка ставете од филот и свиткајте ги краевите на палачинката кон внатрешноста и свиткајте ролат. Пржете во друга тава на оган во поголемо количество на масло.
  11. Постапката повторете ја со останатите состојки, па редете ги во чинија со салфетка за да се исцедат од маснотијата.
  12. Послужете ги со тартар сос или павлака.
Пилешко со брокули и соја сос
Пикантно пилешко во слатко-кисел сос
Полнети ролнички со месо и зеленчук
Филипински лумпии
Пилешко на индиски начин
Пилешки крилца со сусам
Оризова каша
Пилешко со нудлс
Харусаме со свинско месо
Корејска чорба со тофу
Палачинки со млад кромид
Суши Нори
Кинеско свинско со ананас
Салата од печен наут со кељ
Кинески погачки (посно)
Чанамасала
Златно млеко
Зелка салата со сусам и ѓумбир
Говедско месо на монголски начин
Ориз со печурки
Пападичад
Малајтика
Пржено пилешко со киви
Теријаки сос
Тајландска супа од кокос и пилешко месо
Свинско филе на индонезиски начин
Баба гануш (хроно)
Индиски леб
Пудинг од моркови
Слатко-кисели пилешки топчиња

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: