Рецепти
Гулаш со палента Ана Ѓорова

Месото во комбинација со палента е многу вкусно. Може да го послужите и со сезонска салата и да подготвите одличен ручек во неколку чекори.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Телешко месо(800 Грама)

Бистра зеленчукова супа(1/2 Литар)

Кромид(2 големи главици )

Путер(40 Грама)

Лук(1 Чешне)

Црвен пипер(1 Супена лажица)

Ким(1/2 Кафена лажица)

Ловоров лист(1 )

Брашно

Пченкарно брашно(500 Грама)

Сол

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 4 часа

  1. Месото исечете го на коцки и набрашнете го.
  2. Путерот растопете го во еден сад, додајте го исечканиот кромид и пржете го 2 минути на тивок оган.
  3. Потоа зголемете ја температурата, додајте ги месото, кимот, згмечениот лук, ловоровиот лист и биберот. Пржете ги неколку минути мешајќи ги со дрвена лажица.
  4. Полијте го јадењето со половина литар топла супа, посолете го, поклопете со капак и продолжете да варите на тивко 3 часа. Мешајте повремено и додавајте малку супа доколку се згусне сосот.
  5. Во меѓувреме подгответе ја палентата. Ставете да зовријат 2 л вода, посолете ја, додајте го пченкарното брашно и мешајте го за да нема грутки.
  6. Продолжете со мешање варејќи ја палентата 1 час. Потоа сервирајте ја со готовиот гулаш.
Весела торта
Пача
Посна сарма со праз и шампињони
Највкусни крофни
Свинско со пиво и со рузмарин
Печен ролат од свинско каре
Кростата со рикота и чоколадо
Мешана тава со месо и печурки
Свинско печено во маринада
Јунешки гулаш во црвено вино
Суви смокви
Карамелизирани смокви
Пијана скуша
Ребра со виски сос
Летен ѓувеч
Торта од лимон и боровници
Мини чизкејк со јогурт
Пилешки ражничи на хавајски начин
Полнети погачки со виршли
Леден чај
Тава со модри патлиџани
Ролат погача
Лиснати погачки
Грне од месо и зеленчук
Полнето пиле
Ребра во сос од виски
Полнето пиле со ориз
Тава зајачко со зеленчук
Билјаши
Ролат штрудли со афион

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: