Рецепти
Јагнешко месо со пире од модри патлиџани Ана Ѓорова

Турски специјалитет од јагнешко месо што традиционално се сервира врз кремасто пире од модри патлиџани

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јагнешки бут(450 Грама)

Кромид(1 Главица)

Зелена пиперка(2 )

Домат(2 )

Доматно пире(2 Супени лажици)

Путер(2-3 Супени лажици)

Сечкан магдонос(1/2 Чаша)

Сол

Бибер

Модар патлиџан(900 Грама)

Брашно(1/4 Чаша)

Путер(1/4 Чаша)

Рендан кашкавал(1/2 Чаша)

Млеко(1-1 1/2 Чаша)

Вода(1-1 1/2 Чаша)

Лимон(1 )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 120 минути

  1. Путерот стопете го во тенџере и пропржете го сечканиот кромид неколку минути. Потоа додајте го исечканото месо на средни парчиња и мешајте.
  2. Кога месото ќе добие убава кафена боја од сите страни, додајте исечкана зелена пиперка или чили по желба. Пржете уште неколку минути.
  3. Потоа додајте го доматното пире, мешајте неколку минути, додајте ги сечканите домати и гответе 5 минути.
  4. Налејте со врелата вода и динстајте додека месото омекне, околу еден час. По потреба додавајте вода.
  5.  Во меѓувреме измијте ги и избодете ги модрите патлиџани со вилушка на страните и ставете ги во рерна да се печат додека омекнат.
  6. Оставете ги да се оладат, па излупете ги и испасирајте ги со вилушка во пире. Додајте го исцедениот сок од лимонот и пасирајте ги.
  7. Во друга тава стопете путер и пропржете го брашното на ниска температура со постојано мешање. Потоа пополека налевајте го топлото млеко, измешајте со жица додека се соедини смесата и гответе 4-5 минути.
  8. Потоа додајте го пирето од модри патлиџани и измешајте добро. Посолете, додајте бибер по вкус и изрендан кашкавал. Измешајте добро и гответе уште 2-3 минути.
  9. На чинија ставете од пирето од модри патлиџани, па одозгора послужете го готовото јагнешко месо. Поросете со сечканиот магдонос и сервирајте го јадењето топло.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: