Рецепти
Јунешки гулаш во црвено вино
Бабин рецепт за гулаш што можеби подолго се подготвува, но е многу вкусен
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Бабина кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
4 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
140 - 250 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Говедско месо(или јунешко (кртина) 800 грама )
Целер(5-6 рачки )
Кромид(2 Главици)
Сенф(2 Супени лажици)
Морков(2 )
Рузмарин(2 Гранчиња)
Ловоров лист(2 )
Лук(2 Чешниња)
Вегета(1 Супена лажица)
Црвено вино(300 Милилитри)
Доматен сос(250 Милилитри)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 180 минути
- Месото исечкајте го на коцки и посолете го. Промешајте ги парчињата месо за да впијат од солта и ставете ги во длабока чинија.
- Додајте ги сенфот, ситно сечканото чешне лук, листовите од гранчето рузмарин и 100 мл маслиново масло. Промешајте и оставете го месото 2 часа да отстои во маринадата.
- На загреано маслиново масло во тенџере на оган испржете го месото, мешајте со лажица, па откако ќе порумени со лажица решетка ставете ги на чинија.
- Пржете го ситно сечканиот кромид со мрснотијата во тенџерето.
- Откако ќе омекне, додајте ги во тенџерето и сечканиот морков на средни парчиња, ситно сечканиот целер и преостанатото чешне лук.
- Во тенџерето вратете го месото, зачинете со вегета, ловоров лист и уште рузмарин, па додајте го виното.
- Налејте 800 мл вода, промешајте и варете го гулашот 2 часа.
- По 2 часа додајте го и доматниот сок, промешајте и варете уште 15 минути.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во