Рецепти
Јунешки ќофтиња во сос Ана Ѓорова

Пријатен ручек!

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јунешко мелено месо(300 Грама)

Кромид(1 поголема Главица)

Свински врат(сув 50 грама )

Црвена пиперка(3 средни )

Јајце(1 )

Вода(5 Децилитри)

Коцка за супа-говедскa(1 )

Ловоров лист(1 )

Италијански зачин (мешан зачин)(1 Супена лажица)

Сол(1 Супена лажица)

Масло(4-5 Супени лажици)

Сечкан магдонос(1 Супена лажица)

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути

  1. Меленото месо измешајте го со зачините, додајте ги јајцето и сечканиот магдонос, па смесата месете ја со раце.
  2. Обликувајте ќофтиња и пржете ги во добро загреано масло додека заруменат.
  3. Вадете ги со решетка и ставајте ги врз хартија за да се исцеди вишокот маснотија.
  4. Во преостанатото масло додајте ги ситно сечканиот кромид и пиперката сечкана на ленти и динстајте на умерен оган додека омекнат состојките.
  5. Додајте сечкан сув врат и динстајте уште 2-3 минути.
  6. Во тенџере на оган зовријте ја водата и додајте ја коцката за супа, па мешајте додека да се раствори.
  7. Во друго подлабоко тенџере истурете го динстаниот зеленчук со сувиот врат, додајте ги ловоровиот лист и пржените ќофтиња и налејте со супата.
  8. Варете на умерен оган додека испари целата течност.

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: