Рецепти
Карамелизирани смокви
Одличен рецепт за смокви како вкусен десерт за гостите
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
6 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
140 - 250 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Зелена смоква(1 Килограм)
Шеќер(500 Грама)
Лимон(1 )
Балсамико оцет(1 Супена лажица)
Рум(50 Милилитри)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 2 часа
- Зелените смокви добро измијте ги и исушете ги со кујнска крпа.
- Наредете ги во големо тенџере една до друга и одозгора полијте ги со сок од лимон, шеќерот, оцетот и румот.
- Покријте го тенџерето со капак, ставете ги смоквите на умерен оган и гответе ги додека зовријат.
- Откако ќе зовријат, тргнете го капакот и продолжете со варење 2 часа. Не ги мешајте смоквите, само одвреме – навреме протресувајте го тенџерето за да не се залепат.
- Карамелизираните смокви чувајте ги во стерилизирани тегли.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во