Рецепти
Кифлички
Кифличките можете слободно да ги замрзнете и да ги одмрзнувате по потреба
ТИП НА РЕЦЕПТ
УжинаТИП НА КУЈНА
Македонска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
140 - 250 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Брашно(1 Килограм)
Млеко(400 Милилитри)
Квасец(2 )
Масло(300 Милилитри)
Шеќер(3 Супени лажици)
Сол(3 Кафени лажици)
Јајце(2 + 1 за премачкување )
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 135 минути
- Во сад со 200 мл млако млеко ставете ги двата квасци, додајте 1 лажица шеќер и 1 лажичка брашно и оставете го квасецот да нарасне.
- Кога ќе стаса квасецот, замесете помеко тесто со сите состојки. Убаво измешајте ги додека не се хомогенизира смесата, а потоа месете го уште 10-тина минути. На крајот, не заборавајте да го удрите тестото од работната повершина барем едно 15 пати (со ваквото удирање, глутенот во тестото почнува да работи и тестото станува мазно).
- Откако убаво ќе го измесите, оставете го тестото да се дигне (барем 45 минути) на топло.
- Кога тестото ќе се дуплира во волумен, поделете го на топчиња (околу 40 гр тесто за средно голема кифличка). Со оваа доза, излегуваат 46 топчиња, односно кифлички.
- Секое топче расукајте го до дебелина од околу 3 мм и на едниот крај со нож расечете неколку линии до половина на коричката.
- Свиткајте ја кифлата почнувајќи од оној крај кој не е расечен, и на крајот повлечете ги двата краја накај вас за да добиете форма на месечинка.
- Наредете ги кифлите во тавче врз хартија за печење, покријте ги со крпа и оставете ги да пораснат (уште 30-40 минути).
- Пред да ги ставите да се печат, намачкајте ги со разматеното јајце во кое се додава малку масло и неколку капки вода и попрскајте ги со сол, сусам или ким.
- Печете ги во незагреана рерна на 200 степени, околу 15 минути.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во