Рецепти
Кисела чорба од зајак Ана Ѓорова

Гурманска чорба од зајачко месо со ориз и зеленчук

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Зајачко месо(1,5 Килограм)

Морков(6 помали )

Кромид(1 Главица)

Црвена пиперка(1 )

Домат(2 )

Павлака(1 помала чаша )

Брашно(2 Супени лажици)

Лимон(1 )

Ориз(250 Грама)

Сол

Бибер

Италијански зачин (мешан зачин)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 80 минути

  1. Зајачкото месо се ече на мали парчиња, па се става во лонец со ладна вода.
  2. Се додаваат излупениот кромид, пиперката, доматите и на кругови исечените моркови.
  3. Се посолува по желба, се додава лажичка бибер во зрно и мешан сув зачин.
  4. Се остава да зоврие, па се намалува температурата и се вари на тивко додека да омекне месото.
  5. Во меѓувреме оризот се вари во посебен сад со 7,5 дл вода. Се зачинува по вкус. Кога ќе омекне, се трга од оган и се става настрана.
  6. Во подлабока чинија павлаката се меша со брашното и со 50 мл супа. Се разматува за да нема грутки, па се додава во чорбата.
  7. Половина лимон се сече на резанки, а другата половина се цеди и се додава во чорбата, па се остава да се вари уште 5 минути.
  8. Оризот се става во чинија, се прелива со чорбата и со месото и се сервира топло.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: