Рецепти
Крап со соја (посно)
Здрав фамилијарен ручек од печена риба со гарнир од соја и зеленчук
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Здрава хранаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
5 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Крап(2 Килограми)
Кромид(700 Грама)
Соја зрна(или ронки, 400 грама )
Магдонос(1 Китка)
Морков(100 Грама)
Сол(1 Кафена лажица)
Лук(2 Главици)
Бибер(20 зрна )
Масло(250 Грама)
Бело вино(150 Милилитри)
Вода(1 Литар)
Лимон(1 )
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути
- Исчистениот крап посолете го и полнете го со исечкан лук и сок од половина исцеден лимон. Така приготвен ставете го 5-6 часа во фрижидер.
- Исечканиот кромид пржете го во 200 мл масло, па откако убаво ќе омекне, ставете го во тепсијата во која ќе го печете крапот.
- Во тепсијата ставете ги и сојата, исечканиот магдонос, исечканиот морков, биберот, белото вино и водата. Сите овие состојки измешајте ги со лажица.
- На средината од тавата ставете го крапот и одозгора премачкајте го со преостанатите 50 мл масло. Додајте го во тавата и преостанатиот лимон.
- Печете ја рибата 50-60 минути на 180 степени.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во