Рецепти
Кременадли во сос Ана Ѓорова

Сочни кременадли со богат, пикантен вкус, густ сос и пире како прилог

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свински кременадли(4 )

Кромид(1 Главица)

Лук(2 Чешниња)

Кисели краставички(2 )

Коцка за супа-говедскa(1 )

Путер(70 Грама)

Пире во прав(1 Пакување)

Доматно пире(0.5 Супена лажица)

Буковец(0.5 Супена лажица)

Бело вино(1 Децилитар)

Вода(5 Децилитри)

Сол(1 Прстофат)

Бибер(1 Прстофат)

Брашно(0.5 Чаша)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. На даската за сечење ги редиме кременадлите и ги посолуваме од двете страни, ги наросуваме со бибер и ги толчиме со дрвен чук.
  2. Во подлабока тава на оган ставаме 20 грама путер да се растопи.
  3. Кременадлите ги валкаме во брашно и ги редиме во тавата да се пржат 6 – 7 минути на силен оган, а потоа го намалуваме огнот и пржиме уште 15тина минути превртувајќи ги од двете страни.
  4. Во меѓувреме на оган ставаме тенџере со 5 дл вода и ја додаваме коцката за супа.
  5. Кромидот, лукот и киселите краставички ситно ги сечкаме и ги ставаме во посебни садови настрана.
  6. Во тавата кај што се пржеа кременадлите го додаваме кромидот и промешуваме, а испржените кременадли ги префрламе во друга тава и ги поклопуваме со капак. Откога кромидот ќе омекне, го додаваме лукот, промешуваме и додаваме малку вода и белото вино, а потоа и парчињата кисели краставички.
  7. Убаво промешуваме и ја додаваме готовата супа, буковец, доматно пире, сол и бибер. Оставаме да се динста смесата.
  8. Откако течноста во тавата ќе изврие и сосот ќе се згусне, ги додаваме испржените кременадли.
  9. На оган ставаме тенџере со вода и посолуваме. Додаваме 20 грама путер, а преостанатиот путер го додаваме во тавата со кременадлите.
  10. Кога ќе зоврие водата во тенџерето, го додаваме пирето во прав и мешаме со жица за матење. Кога пирето ќе згусне, го тргаме од оган.
  11. Кременадлите откако убаво ќе впијат од сосот во тавата ги послужуваме на чинија заедно со пирето од компири. Декорираме со парчиња праз и магдонос, а кременадлите ги преливаме со преостанатиот сос. Добар апетит!
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: