Рецепти
Крцкави пилешки копанчиња со рижото Ана Ѓорова

Крцкави, печени пилешки копанчиња со гарнир од ориз и златна мешавина

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пилешки копан(8 )

Јајце(2 )

Маслиново масло(2 Супени лажици)

Брашно(по потреба )

Лебни трошки(по потреба )

Вегета

Сол

Ориз(1.5 Чаша)

Златна мешавина(1 Пакување)

Путер(1 Супена лажица)

Бибер

Кисели краставички

Мајонез

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Маслиновото масло и јајцата изматете ги со вилушка (соодносот треба да биде колку јајца, толку лажици масло).
  2. Копанчињата зачинете ги со сол и вегета по вкус. Извалкајте ги во брашно, па во изматените јајца и на крај во лебни трошки.
  3. Во огноотпорен сад ставете хартија и премачкајте ја со тенок слој масло. Наредете ги копанчињата и ставете ги во загреана рерна на 200 степени и печете ги околу 40 минути. На пола печење превртете ги.
  4. Копаните се послужуваат топли, а додека се печат се приготвува рижото. Оризот убаво сварете го во тенџере со 1 и пол чаша вода, а во посебен сад сварете го и мешаниот зеленчук од пченка, грашак и моркови. Промешајте ги сварените ориз и златна мешавина, па додајте путер, сол и бибер.
  5. Сервирајте ги копанчињата со миксот од рижото и златна мешавина и со сечкани кисели краставички измешани со мајонез.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: