Рецепти
Лазања ролнички од тиквички Ана Ристеска

Превкусни вегетаријански лазањи од тиквички кои се совршениот летен ручек. На здравје

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Маслиново масло(1 Супена лажица)

Кромид(сечкан 1/2 )

Лупени домати од конзерва(400 Грама)

Бел лук, излупен и згмечен(1 Чешне)

Суво оригано(1/2 Кафена лажица)

Ловоров лист(1 )

Балсамико оцет(1 Кафена лажица)

Сол

Бибер

Крем сирење(350 Грама)

Сув босилек(2 Кафени лажици)

Јајце(1 )

Рендан пармезан(1/4 Чаша)

Моцарела сирење(рендано 2 1/2 Чаши)

Тиквичка(1 поголема или 2 помали )

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 75 минути

  1. Тиквичките исечете ги на ленти по должина и наредете ги на хартија за да се впие водата. Посолете ги од двете страни.

1

2. Во мало тавче на среден оган ставете малку маслиново масло и додајте го исечканиот кромид. Оставете кромидот да се пржи 5 минути додека не омекне. Потоа додајте ги исечканите домати од конзерва, лукот, ориганото, ловоров лист, балсамико, сол и бибер. Гответе на тивок оган 15-20 минути со повремено мешање додека сосот не се згусне.

3. Кога сосот ќе биде готов тргнете го од оган, извадете го ловоровиот лист и оставете го сосот малку да се олади.

4. Рерната загрејте ја на 190 степени.

5. Во меѓувреме подгответе ја смесата со која ќе ги полните тиквичките. Во сад ставете ги крем сирењето, јајцето, пармезанот, моцрелата и босилек. Добро промешајте ги сите состојки.

6. Дел од доматниот сос ставете го во тавата за печење.

7. Лентите од тиквички ставете ги на чиста површина и по целата должина на тиквичката ставете од смесата со крем сирењето. Потоа одозгора ставете малку од доматниот сос и завиткајте ги тиквичките во ролнички. Истата постапка повторете ја со сите тиквички.

2

8. Завитканите ролнички наредете ги исправено во тавата за печење над доматниот сос.

3

9. Кога ќе ја наполните целата тава одозгора поросете со останатиот дел од пармезанот и моцарелата.

10. Така подготвените тиквички ставете ги да се печат околу 45 минути.

Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: