Рецепти
Линцер колачиња со џем Ана Ѓорова

Преслатки колачиња што се одлични за Денот на вљубените. Изненадете ги вашите најмили и подгответе им ги, нема да се покаете

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(2 Чаши)

Прашок за печиво(1/2 Кафена лажица)

Ореви(3/4 Чаша)

Шеќер во прав(2 лажици + за посипување врз колачите )

Цимет(1/8 Кафена лажица)

Сол(1/8 Кафена лажица)

Путер(1/2 Чаша)

Шеќер(1/4 Чаша)

Екстракт од ванила(1 Кафена лажица)

Јајце(1 )

Џем од јагоди

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 30 минути + 2 часа за тестото

  1. Оревите сомелете ги и измешајте ги со шеќерот во прав, солта и циметот. Додајте го и обичниот шеќер, омекнатиот путер исечен на коцки и ставете ги во блендер. Миксирајте додека смесата убаво се соедини.
  2. Потоа додајте ги јајцата, ванилата, брашното и печивото во блендерот и мешајте додека да добиете хомогена смеса. Тестото замесете го во топка и оставете го минимум 2 часа во фрижидер (или преку ноќ).
  3. Рерната загрејте ја на 190 степени.
  4. На малку набрашнета површина расукајте го тестото со дебелина од 3 мм. Ставете го во фрижидер уште 20 минути.
  5. Сечете кругови со димензии од 50 мм со калапи за колачи.

linzer4

6.Поделете ги исечените кругови во два купа. Пола од круговите исечете ги со срце форми за колачи со димензии од 12 мм.

linzer

7.Печете ги колачињата во загреаната рерна, 8-10 минути, па оставете ги да се оладат.

8.Сечените делови (со срцињата) наредете ги едно до друго и наросете ги со шеќер во прав.

linzer3

9.Несечените кругови премачкајте ги со џем (џемот претходно загрејте го на умерена температура и оладете го), па поклопете ги со сечените делови.

linzer2

 

А, мини делчињата од срцињата што ги исековте, не ги фрлајте – туку премачкајте ги со џем и наросете шеќер во прав.

linzer5

Посни колачи со локум
Баклава со јаболки
Шарена обланда
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пита со карамелизирана тиква
Евтин колач со јаболко (посно)
Колач со круши и бадеми
Цимет ѕвездички
Интегрален колач од јаболки
Торта фантазија
Ролат со кокос
Расолница
Куглов со ореви и чоколадо
Чоколадни кроасани
Рум касато
Торта со цели печени јаболки
Посен колач со јаболко и банана
Кокос коцки
Колач со јаболко
Колач со три слоја
Бели колачиња (посно)
Урма торта со ореви
Посен куглов со суво овошје
Таан баклава
Печени пирошки
Колач со јаболки и ореви
Англиска пита со бадеми
Вештерски прсти
Чоколадна парфе торта со ореви

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: