Рецепти
Лиснато тесто во сос од печурки Ана Ѓорова

Француски специјалитет

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Пиле(1 )

Телешко месо(500 Грама)

Кромид(1 Главица)

Лук(1 Чешне)

Целер(1 )

Морков(1 )

Праз(1 )

Свежи шампињони(200 Грама)

Путер(130 Грама)

Пилешка супа(1,5 Литар)

Слатка павлака(200 Грама)

Жолчка од јајце(1 )

Брашно(90 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од минути

  1. Во големо тенџере зовријте 3-4 литри вода.
  2. Исчистете ги и исечкајте ги кромидот, лукот, морковот, целерот и празот и ставете ги во водата.
  3. Додајте ги и пилешкото и телешкото месо (цели, несечкани).
  4. Гответе ги околу 60-80 минути, па откако ќе се сварат тргнете ги настрана да се оладат.
  5. Потоа исечете го месото на ситно.
  6. Печурките измијте ги и исечете ги на тенки листови, па пропржете ги на 40 г путер околу 5 минути. Зачинете по вкус со сол и бибер и тргнете ги настрана.
  7. Во тенџере растопете 90 грама путер, додајте го брашното и мешајте додека брашното почне да добива боја.
  8. Потоа веднаш полијте со пилешката супа и гответе 10 минути да се редуцира течноста.
  9. Додајте ги месото и печурките, па намалете ја температурата и мешајте уште неколку минути да се соединат.
  10. Жолчката од јајце изматете ја со павлаката и полијте во тенџерето за да се згусне смесата.
  11. Кремот од печурки и месо полијте го врз лиснатите земички и сервирајте.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: