Рецепти
Медалјони во тиквички Ана Ѓорова

Летен ручек

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свинско филе(400 Грама)

Буковка (печурка)(300 Грама)

Тиквичка(2 )

Кромид(1 Главица)

Домат(2 )

Кашкавал(200 Грама)

Брашно(по потреба )

Путер(по потреба )

Сечкан магдонос(1 Супена лажица)

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 50 минути

  1. Свинското филе се чисти од жили и од мрснотија, па се сече на медалјони.
  2. Кромидот и печурките се сечат на коцкички.
  3. Едниот домат се лупи и ситно се сечка, а другиот сосе кората се сече на кругови.
  4. Тиквичките се мијат, им се отсекуваат краевите, па со помош на нож за лупење се сечат на тенки ливчиња.
  5. Месото се зачинува по вкус и се пропржува во врел путер додека зарумени. Се вади од маснотијата и се остава на топло.
  6. Во мрснотијата од месото се пржат кромидот и буковките околу 10 минути.
  7. Се додава доматот, зачини по вкус и се динста додека омекнат печурките.
  8. Пред крај се додава лажица брашно, па се продолжува со готвење, со непрекинато мешање, додека се згусне.
  9. Смесата се претура во огноотпорен намастен сад.
  10. Кашкавалот се сече на листови со големина на медалјоните.
  11. На работната површина се вкрстуваат два листа тиквички. Се прекриваат со парче кашкавал, па се става медалјон.
  12. Краевите на тиквичката се преклопуваат, па „пакетчето“ се превртува во тавата, така што завршетоците да бидат одоздола.
  13. На истиот начин се обликуваат преостанатите медалјони.
  14. Медалјоните се втиснуваат во смесата со печурки и се покриваат со кругови домат. Одозгора им се ренда уште кашкавал и се посипуваат со магдонос.
  15. Се запекува во загреана рерна на 180°C, 30 минути.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: