Рецепти
Мини чизкејк со јогурт
Лесен, непечен десерт со јагоди што е одличен за летните денови
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
Американска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
6 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
140 - 250 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Бисквити(60 Грама)
Путер(25 Грама)
Крем сирење(200 Грама)
Јогурт(125 Милилитри)
Шеќер во прав(30 Грама)
Екстракт од ванила(1 Супена лажица)
Желатин(10 Грама)
Јагоди(120 Грама)
Шеќер(30 Грама)
ПОДГОТОВКА
За овој рецепт се потребни помалку од 4 часа
- Сомелете ги бисквитите, а путерот стопете го. Потоа добро со лажица измешајте ги во еден сад.
- Во калап за мафини (за 6 мафини) ставете хартиени кошнички и на дното од секоја натапкајте ја смесата со бисквити. Оставете да се олади во фрижидер околу 30 минути.
- Во меѓувреме подгответе го кремот: малку од желатиот (останатиот дел е за слојот од јагоди) растопете го во тенџере со малку вода на тивок оган и измешајте го со екстрактот од ванила.
- Во друг сад изматете ги со мискер крем сирењето, шеќерот во прав и јогуртот и додајте го желатинот, па измешајте со лажица.
- Смесата ставете ја во кошничките за мафини врз основата од бисквити. Ставете во фрижидер уште 2 часа.
- Јагодите измијте ги и исчистете ги и ставете ги во мало тенџере на рингла со шеќерот. Гответе ги на умерен оган 5-10 минути и потоа изблендирајте ги за да добиете пире.
- Останатиот желатин додајте го во јагодите додека се уште топли и мешајте да се растопи. Оставете ја смесата да се олади.
- Додајте ја врз слојот од крем и повторно вратете ги колачите во фрижидер да се оладат околу 1 час.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во