Рецепти
Мусака со тиквички и соја (посно) Ана Ѓорова

Вкусна комбинација за посен ручек

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Тиквичка(3 со средна големина )

Соја трошки(200 Грама)

Кромид(1 поголема главица )

Црвен пипер

Вегета

Морков(1 )

Ориз(50 Грама)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 100 минути

  1. Излупените тиквички се сечат на кругови.
  2. Соините трошки прво се потопуваат 20 минути во ладна вода, потоа се ставаат на оган водата да зоврие, откако ќе зоврие водата се цедат, но не премногу.
  3. Во друго тенџере се варат оризот и морковот (сечкан на крукчиња или рендан) колку да омекнат.
  4. Исчеканиот кромид се пржи во тава со загреано масло. Кога ќе добие боја, се додаваат соините трошки, црвениот пипер и вегетата, па се пржи уште малку.
  5. Смесата се меша со оризот и со морковот.
  6. Во тепсија бр. 32 се редат тиквичките, па смесата, па малку масло и сол и пак истата постапка. На крај се завршува со ред тиквички.
  7. Се полева мусаката со 150 мл вода и се пече во загреана рерна 1 час.
  8. Кога ќе заруменат тиквичките, се ренда растителен кашкавал (а и не мора) и се допекува.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: