Рецепти
Ослиќ во бел сос од вино (посно) Ана Ѓорова

Посен ручек за целото семејство од печен ослиќ со сос од бело вино

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Ослиќ(1 Килограм)

Комплет зеленчук за супа

Целер(1 корен )

Лук(3 Чешниња)

Кромид(1 Главица)

Бибер(неколку зрна )

Оцет(1 Супена лажица)

Ловоров лист(1 )

Вода(1 Чаша)

Бело вино(1 Чаша)

Брашно

Масло

Сечкан магдонос

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Ослиќот, комплетот зеленчук за супа, кромидот и лукот, ловоровиот лист, оцетот биберот и солта прелијте ги со вода, колку да се покријат, па на тивко варете ги додека рибата не се оддели од коските.
  2. Извадете ја рибата, исчистете ја од коските и распоредете ја во намастен огноотпорен сад. Врз неа сипете го испасираниот зеленчук.
  3. На тивок оган загрејте две лажици масло, додајте две лажици брашно, сол и бибер. Мешајте ја смесата неколку минути додека да добиете тесто со светла боја. Во смесата одеднаш сипајте ги по една чаша бело вино и вода. Сето тоа кратко проварете го со постојано мешање.
  4. Со сосот прелијте ја рибата и во загреана рерна малку потпечете ја. Пред послужување, посипете ја со исечкан магдонос.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: