Рецепти
Печена мисирка со лимон, магдонос и бел лук Ана Ристеска

Мисирка не мора да биде јадење само за божиќните празници, всушност, добро подготвена мисирка е одличен избор за фамилијарните неделни ручеци

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Мисиркино месо(4 Килограми)

Црн лук(2 Чешниња)

Лимон(1 )

Лук(1 Главица)

Ловоров лист(6 Листови)

Димена сланина(8 Парчиња)

Путер(375 Грама)

Маслиново масло(1 Кафена лажица)

Бел лук, излупен и згмечен(3 Чешниња)

Листови магдонос(1 Китка)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 150 минути

  1. Загрејте ја рерната на 220°C.
  2. Во меѓувреме подгответе го путерот со билки. Ставете го путерот во голем сад и зачинете го со сол и бибер. Додајте маслиново масло и измешајте добро. Додајте го меснатиот дел и сокот од лимонот, истолчениот лук и ситно сечканиот магдонос. Измешајте добро за да се соедини смесата.
  3. Извадете ги внатрешностите од мисирката. Внатрешноста добро зачинете ја со сол и бибер, а потоа наполнете ја со црн лук, лимон, преполовен бел лук и два ловорови листа.
  4. Со раце олабавете ја кожата на градите, почнувајќи од дното на птицата, така што зачинетиот путер може да се намачка под неа, да се внимава кожата да остане неуништена.
  5. Повторете ја постапката со кожата на нозете – од долната страна на градите со рацете повлечете ја кожата накај нозете за да направите шуплина.
  6. Половина од зачинетиот путер ставете го во шуплината под кожата. На надворешната страна на кожата нежно тријте го путерот на градите, така што месото е рамномерно подмачкано. На крајот ставете ги останатите ловорови лисја под кожата на градите.
  7. Ставете ја мисирката во голем плех за печење со градите свртена нагоре. Остатокот од путерот намачкајте го насекаде по кожата. Добро зачинете со сол и бибер, а потоа посипете малку маслиново масло (ако сте подготвени еден ден однапред, покријте ја мисирката со алуминиумска фолија и ставете ја во фрижидер).
  8. Мисирката се пече во топла рерна 10 до 15 минути.
  9. Извадете го плехот од рерна, прелијте ја мисирката со сосот од тавата, одозгора наредете парчињата сланина за мисирката да остане сочна и повторно прелијте со сосот. Намалете ја температурата на 180°C и печете околу 2 ½ часа со повремено преливање.
  10. За да проверите дали мисирката е печена, со ражен прободете го најдебелиот дел од ногата и видете дали излегуваат транспарентни сокови, не треба да бидат розеникави. Бидејќи температурата на печката и големината на мисирки се разликуваат, важно е да се провери дали мисирката е испечена околу 30 минути пред предвиденото време на печењето. Ако соковите се розеви, печете уште 15 минути и проверете уште еднаш. Повторете онолку пати колку што е потребно додека мисирката не се испече.
  11. Преместете ја мисирката на загреана тацна и оставете да отстои во топло место најмалку 45 минути. Извадете ги ловоровите лисја под кожата пред сечење. Послужете ја мисирката со врел сос и прилози.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: