Рецепти
Печени фалафел ќофтиња со сос Ана Ѓорова

Поздрава варијанта на ќофтиња од наут кои се многу вкусни и одлично зачинети со додаток на сос од јогурт што ги прави посочни

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Наут(125 Грама)

Кромид(1/2 Главица)

Лук(1 Чешне)

Брашно(2 Супени лажици)

Прашок за печиво(1/4 )

Маслиново масло(1 Супена лажица)

Свеж сок од лимон(1 Супена лажица)

Свеж магдонос(2 лажици исечкан )

Ким(мелен 1 лажица )

Буковец(1/4 Супена лажица)

Куркума(1/2 Супена лажица)

Сол

Бибер

Таан од сусам(2 Супени лажици)

Јогурт(2 Супени лажици)

Лимон(1/2 )

Лук во прав

Сол

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути

  1. Наутот оставете го да отстои во ладна вода, најдобро преку ноќ.
  2. Утредента варете го во тенџере со вода на оган 40 минути.
  3. Откако ќе се излади, наутот се блендира со сечканиот лук и кромидот.
  4. Потоа во блендерот се додаваат останатите состојки (освен јогуртот, таанот, лук во прав и 1/2 лимон од кои се прави сосот) и се блендира додека се добие компактна смеса.
  5. Се прават топчиња со големина на орев, па се ставаат во подмачкано тавче за мафини. Се премачкуваат со масло.
  6. Фалафел ќофтињата се печат 25 минути во рерна на 200 степени. Потребно е еднаш да се свртата во текот на печењето.
  7. Во друг сад измешајте 2 лажици јогурт, 2 лажици таан, сок од 1/2 лимон, сол, бибер и лук во прав по вкус. Со сосот послужете ги печените ќофтиња.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: