Рецепти
Пилешки бургер со спанаќ и фета сирење Ана Ѓорова

Сочен и богат пилешки бургер со сос од фета сирење, спанаќ и копар

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Бургер леб(4 Парчиња)

Пилешко месо(450 Грама)

Спанаќ(700 Грама)

Фета сирење(500 Грама)

Бел лук, излупен и згмечен(2 Чешниња)

Млад кромид(2 )

Копар(5-6 Гранчиња)

Кашкавал(250 Грама)

Свеж сок од лимон(2.5 Супени лажици)

Црвена бабура(2 )

Путер(2 Супени лажици)

Брашно(2 Супени лажици)

Млеко(1 Чаша)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 45 минути

ПОДГОТОВКА НА СОСОТ:

  1. Во тава стопете го путерот на умерена температура, додајте го брашното, промешајте и гответе додека не добие златнокафенкаста боја.
  2. Потоа постепено додавајте го млекото и мешајте додека смесата не се згусне.
  3. Додајте половина од фета сирењето, половина од исечканиот спанаќ, исечкан копар и 2 супени лажици сок од лимон и промешајте. Зачинете со сол и бибер по желба и гответе додека спанаќот не омекне.

ПОДГОТОВКА НА БУРГЕРОТ:

  1. Исечкајте го пилешкото месо на ситно и измешајте го со останатиот исечкан спанаќ, фета сирењето, исечкан млад кромид и копар.
  2. Од смесата формирајте 4 плескавици и пржете ги во тава со загреано масло околу 4-5 минути од двете страни.
  3. Ставете ги готовите бургери во лебот, додајте од претходно подготвениот сос, ставете парчиња кашкавал, исечкани бабури, 1 лажичка лимонов сок и уживајте!
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: