Рецепти
Пилешко во портокал сос
Азиски рецепт за пилешко месо во интересен сос од портокал
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Азиска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
40 - 60 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Вода(3 1/2 Чаши)
Свеж сок од лимон(1/4 Чаша)
Сок од портокал(2 Супени лажици)
Оцет од ориз(1/3 Чаша)
Рендана кора од портокал(1 Супена лажица)
Соја сос(1 1/2 Супена лажица)
Кафеав шеќер(1 Чаша)
Ѓумбир во прав(1/2 Кафена лажица)
Млад кромид(2 Супени лажици)
Бел лук, излупен и згмечен(1/2 Кафена лажица)
Чили во прав(1/4 Кафена лажица)
Нишесте (пченкарен скроб)(3 Супени лажици)
Пилешки гради(2 Парчиња)
Брашно(1 Чаша)
Сол(1/4 Кафена лажица)
Бибер(1/4 Кафена лажица)
Маслиново масло(3 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 40 минути
- Во тавче ставете ја водата, соковите од лимон и портокал, соја сосот, оцетот од ориз. Додајте ги шеќерот, кората од портокал, ѓумбирот, кромидот, лукот и чилито во прав. Оставете да почне да врие, потоа тргнете го од оган и оставете да се олади околу 10-15 минути.
- Парчињата пилешко ставете ги во ќеса со 1 чаша од сосот. Останатиот дел од сосот ставете го во фрижидер околу 2 часа.
- Во друга ќеса ставете ги брашното, солта и биберот. Маринираното пилешко ставете го во оваа ќеса и убаво протресете.
- Маслиновото масло ставете го во тавче и загрејте го на висока температура. Ставете ги парчињата пилешко и пржете ги додека не станат златно-кафени од сите страни. Потоа извадете ги и ставете ги на хартија за да се упие вишокот масло.
- Во друга тава ставете го останатиот дел од сосот и гответе го на висока температура додека не почне да врие. На страна измешајте ги заедно 2 супени лажици вода и нишестето. Додајте ги во сосот, намалете ја температурата и потоа додајте ги и парчињата пилешко. Гответе уште 5 минути и послужете.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во