Рецепти
Пита од јаболка, круши и суви кајсии Ана Ѓорова

Класична американска пита со овошје за вкусен десерт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(400 Грама)

Путер(200 Грама)

Шеќер(180 Грама)

Жолчка од јајце(3 )

Јаболко(3 )

Круша(3 )

Суви кајсии(150 Грама)

Каранфилче(1/2 Кафена лажица)

Цимет(1 Кафена лажица)

Лимон(1 )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Замесете тесто од брашното, 120 г шеќер, путерот и жолчките. Тестото оформете го во топка и оставете го во фрижидер 30 минути.
  2. Во меѓувреме исечете го свежото овошје на половина, исчистете го од семките, лушпите и дршките и исечете го на коцки. На коцки исечете ги и сувоте кајсии, па соберете ги сите состојки во еден сад. Измешајте ги со останатиот шеќер, зачините и ренданата кора од еден лимон.
  3. Тестото поделете го на два дела, расукајте го и со едниот дел прекријте една тава со дијаметар од 24 см. Избодете го дното со вилушка и ставете го овошјето. Прекријте ја питата со второто тесто и добро зацврстете ги рабовите. Во средина на тестото направете мал засек за да може низ него да излегува пареата за време на печењето.
  4. Ставете ја питата во загреана рерна на 180 степени и печете ја 50 минути. Оставете ја да се подолади, па сервирајте ја.
Чоколадни палачинки
Колач од моркови со крем
Чоколаден брауни колач со малини
Леб од тиква
Фаџ со суви смокви
Колачиња со ѓумбир и чоколадо
Вегански чизкејк со боровинки
Тарт со круши и малини
Американски овесни палачинки
Мохито со лубеница
Мохито со ананас
Мохито со малини
Чизкејк со лубеница
Нутела мафини
Палачинки со лимон и афион
Торта од лимон и боровници
Чизкејк со цреши
Каипироска коктел со јагоди
Мус од јагоди
Мини чизкејк со јогурт
Пилешки ражничи на хавајски начин
Пинаколада
Орео милкшејк
Куба либре коктел
Браунис со орео колачи
Мохито
Американски палачинки во сос од јагоди
Колачи на стапче
Чоколаден фаџ
Американски палачинки со овошје

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: