Рецепти
Пита од јаболка, круши и суви кајсии Ана Ѓорова

Класична американска пита со овошје за вкусен десерт

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(400 Грама)

Путер(200 Грама)

Шеќер(180 Грама)

Жолчка од јајце(3 )

Јаболко(3 )

Круша(3 )

Суви кајсии(150 Грама)

Каранфилче(1/2 Кафена лажица)

Цимет(1 Кафена лажица)

Лимон(1 )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Замесете тесто од брашното, 120 г шеќер, путерот и жолчките. Тестото оформете го во топка и оставете го во фрижидер 30 минути.
  2. Во меѓувреме исечете го свежото овошје на половина, исчистете го од семките, лушпите и дршките и исечете го на коцки. На коцки исечете ги и сувоте кајсии, па соберете ги сите состојки во еден сад. Измешајте ги со останатиот шеќер, зачините и ренданата кора од еден лимон.
  3. Тестото поделете го на два дела, расукајте го и со едниот дел прекријте една тава со дијаметар од 24 см. Избодете го дното со вилушка и ставете го овошјето. Прекријте ја питата со второто тесто и добро зацврстете ги рабовите. Во средина на тестото направете мал засек за да може низ него да излегува пареата за време на печењето.
  4. Ставете ја питата во загреана рерна на 180 степени и печете ја 50 минути. Оставете ја да се подолади, па сервирајте ја.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: