Рецепти
Пита од капини со прелив од лимета Ана Ѓорова

Оваа овошна пита се јаде ладна и може да ја замрзнете на подолго време, а кога ќе ја извадите од ладилникот ќе биде вкусна и свежа

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Капини(1 Чаша)

Брашно(3/2 Чаши)

Сол(1/2 Кафена лажица)

Прашок за печиво(2 Кафени лажици)

Сода бикарбона(1/2 Кафена лажица)

Шеќер(1/3 Чаша)

Ситно рендана кора од лимета(2 Кафени лажици)

Несолен путер(113 Грама)

Јајце(2 )

Млеко(2 Чаши)

Свеж сок од лимета(2 Супени лажици)

Шеќер во прав(3/4 Чаши)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 40 минути

  1. Загрејте ја рерната на максимум.
  2. Во голем сад измешајте брашно, сол, прашак за печиво, шеќер, сода бикарбона и рендана кора од лимета.
  3. Несолениот путер е потребно да биде многу стврднат (чувајте го во замрзнувач пред употреба). Исечете го на мали коцки и измешајте го во садот со останатите состојки.
  4. Во помал сад изматете 1 јајце и млекото и додајте ја добиената смеса во садот со брашното. Соединете убаво со вилушка или со дланките додека смесата не се згусне.
  5. Потоа внимателно додајте ги капините и нежно промешајте. Ако смесата е премногу леплива и топла, ставете ја неколку минути во фрижидер за да се стегне.
  6. Префрлете ја смесата на набрашнета работна површина и формирајте круг од 20-тина сантиметри.
  7. Потоа исечете ја питата на 8 парчиња и внимателно префрлете ги во тава со хартија за печење. Намачкајте ги парчињата со изматената жолчка од јајце и наросете шеќер.
  8. Печете 20-тина минути додека питата не стане златнокафена.
  9. Во меѓувреме во мал сад измешајте го сокот од зелениот лимон и шеќерот во прав, па прелијте го врз готовите парчиња пита од капини.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: