Рецепти
Пита со печени пиперки и ајвар Ана Ѓорова

Питата е многу вкусна, а се сервира ладна со парче сирење за предјадење или вечера

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Готови кори(500 Грама)

Јајце(5 )

Кисела павлака(4 Супени лажици)

Прашок за печиво(1/2 Пакување)

Црвена пиперка(300 Грама)

Сирење(300 Грама)

Ајвар(4 Супени лажици)

Масло(50 Милилитри)

Сол

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 90 минути

  1. Со жица за матење изматете ги јајцата. Додајте ја во нив и киселата павлака, дробеното сирење и посолете по вкус.
  2. Потоа во смесата додајте и прашак за печиво и една лажица масло, па полека измешајте за да се соедини смесата.
  3. Со масло премачкајте една кора, поклопете ја со друга кора и таа намачкајте ја со масло.
  4. Посипете ја кората со половина од исечканите, претходно печените и исчистени пиперки.
  5. Врз пиперките ставете ја третата кора, па премачкајте ја кората со масло. Ставете ја четвртата кора и премачкајте ја со масло, па рамномерно распоредете половина од филот со јајца.
  6. Поклопете со кори и премачкувајте ги со масло. Повторете ја постапката до шестата кора. Таа премачкајте ја со 2 лажици ајвар.
  7. Филуваните кори свиткајте ги во ролат.
  8. Повторете ја постапката со останатите состојки.
  9. Пред печење на ролатите, премачкајте ги со масло и посипете со сусам, па печете ги во загреана рерна во тавче врз хартија за печење на 200 степени.
  10. По половина час, извадете ги ролатите од рерната и премачкајте ги со останатиот фил од јајца, па допечете ги уште 20 минути.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: