Рецепти
Пита со пилешко и печурки Ана Ѓорова

Интересен рецепт за пита од готови кори со вкусен и сочен фил

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Готови кори(500 Грама)

Пилешко месо(бело 500 грама )

Магдонос

Свежа мајчина душица(2-3 Гранчиња)

Лук(1 Чешне)

Свежи шампињони(500 Грама)

Праз(2 страка )

Јајце(2 )

Газирана вода(100 Милилитри)

Масло

Сол

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути

  1. Пилешкото месо исечкајте го на коцки и зачинете го со сол и бибер. Оставете го да ги впие зачините, па потоа сомелете го во блендер.
  2. Ситно исечканото чешне лук пржете го на загреано масло во тава на оган, додајте го исечканиот праз, па откако ќе омекнат додајте го месото додека убаво зарумени.
  3. Шампињоните исечкајте ги на листови, додајте ги во тавата и посолете.
  4. Додајте ги и свежите исечкани магдонос и мајчина душичка откако течноста од шампињоните ќе испари во тавата. Тргнете ја тавата од оган.
  5. Во сад изматете ги јајцата со виљушка, па додајте ги во тавата и промешајте го филот.
  6. Наредете 3 кори една врз друга, премачкајте ги со мешавина од 150 мл масло и газирана вода и оставете ги настрана. Земете други 2 кори и на крајот од корите ставете од филот и свиткајте ролат. Ролатот ставете го врз трите кори. На истиот начин формирајте уште 5 ролати од по 2 филувани кори.
  7. Во форма на пирамида наредете ги врз првите 3 кори, потоа од корите виткајте голем ролат.
  8. Ставете го ролатот во тава обложена со хартија за печење, премачкајте го со мешавината од вода и масло и печете го во рерна на 200 степени околу 40 минути.
Посни колачи со локум
Дроб во кошулица
Пилешки дроб и срца
Шарена обланда
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Пилешки џигер во пиво
Интегрален колач од јаболки
Ролат со кокос
Пита со кисела зелка
Куглов со ореви и чоколадо
Пача
Тава со свинско месо и печурки
Пинџур со суви везени пиперки
Малиџано салата
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Благи кифлички со вино
Ленени погачици
Салата со праз и сирење
Посен колач со јаболко и банана
Сир тостерки
Кокос коцки
Штрудлички со јаболко (посно)
Колач со јаболко
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: