Рецепти
Пица со тиквички Ана Ристеска

Италијански рецепт за вкусни богати пици со тиквички

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Брашно(500 Грама)

Вода(250 Милилитри)

Масло(1/2 Чаша)

Сол(1 Супена лажица)

Шеќер(1 Супени лажици)

Квасец(1 коцка )

Оцет(1 Супена лажица)

Јајце(1 )

Тиквичка(2 )

Сирење(200 Грама)

Кашкавал(200 Грама)

Маслиново масло(2 Супени лажици)

Лук(2 Чешниња)

Кисела павлака(250 Милилитри)

Рендан пармезан(50 Грама)

Доматен сос(100 Милилитри)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 130 минути

  1. Со брашното, млака вода, масло, сол, шеќер, квасец, оцет и јајце замесуваме меско тесто и оставаме да нарасне 45 минути. Потоа го размесуваме тестото на 2 или 3 колачиња, во зависност од големината на пиците што сакаме да ги направиме. Повторно оставаме да нараснат околу 30 минути.
  2. Сирењето го рендаме и го мешаме со киселата павлака и додаваме ситно исечкан лук. Тиквичката ја сечеме на кругови и ја посолуваме. Оставаме да стои со солта за да пушти вода.
  3. Од секое колаче растечнуваме по една пица и ја ставаме во тепсија. Тестото го премачкуваме прво со доматен сос и со исечкан свеж босилек, а врз негп ставаме од филот со сирење.
  4. Врз филот рендаме кашкавал, а потоа тиквичките (претходно исцедени) ги редиме во круг. Врз тиквичките попрскуваме маслиново масло, наросуваме пармезан и сув босилек.
  5. Пицата ја печеме во рерна на 250 степени 20 минути.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: