Рецепти
Полнети печурки Ана Ристеска

Вегетаријански полнети печурки кои се одличен ручек што можете да го послужите со свежа салата од рукола, краставици и ротквица

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свежи шампињони(14 поголеми )

Маслиново масло(1/4 Чаша + 1 Супена лажица)

Кромид(3 )

Бел лук, излупен и згмечен(4 Чешниња)

Сечкани ореви(3 Супени лажици)

Сушен домат(сечкан 3 Супени лажици)

Сечкан магдонос(1/4 Чаша + 3 Супени лажици)

Сол

Рендана кора од лимон

Црвен вински оцет(1/2 Супена лажица)

ПОДГОТОВКА

Овој рецепт се подготвува за помалку од 40 минути

  1. Во еден сад ставете ги 1/4 чаша магдонос, чешне лук, кора од лимон, пола лажичка оцет, 1/4 чаша маслиново масло и прстофат сол. Промешајте и тргнете го садот на страна. Ова е преливот за печурките.
  2. Загрејте ја рерната на 175°C.
  3. Отстранете ги дршките на печурките и убаво исечкајте ги на ситно. Капите на печурките премачкајте ги со маслиново масло и посолете ги. Наредете ги на тава за печење.
  4. Во тавче на средна температура ставете малку маслиново масло и исечканот кромид. Пржете додека кромидот не стане проѕирен, а потоа додајте го лукот. Додајте ги и исечканите дршки на печурките. Пржете додека не потемнат со повремено мешање. Потоа тргнете го тавчето од оган и додајте ги оревите, сувите домати и магдоносот и промешајте.
  5. Капите на печурките наполнете ги со смесата и ставете ги да се печат 15-20 минути. Ако магдоносот или сувите домати почнат да горат покријте ги со алуминиумска фолија.
  6. Послужете ги со преливот од страна за да можете да ги поросите со него.
Кремаста паста со печурки без масло
Туна ќофтиња
Дроб во кошулица
Пилешки дроб и срца
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Посна сарма со праз и шампињони
Пилешко во павлака
Филе Велингтон
Тестенини со сос од туна
Полнета пастрмка во црно вино (посно)
Ѓевречиња од мелено месо
Зелка на грчки начин

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: