Рецепти

Пржен и филуван крап
Специјалитет од крап
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
Балканска кујнаКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
3 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Крап(1 Килограм)
Ориз(100 Грама)
Кромид(2 Главици)
Сечкан магдонос(2 Кафени лажици)
Бибер(1 Кафена лажица)
Црвен пипер(1 Кафена лажица)
Сол(2 Кафени лажици)
Свеж сок од лимон(2 Кафени лажици)
Брашно(4 Супени лажици)
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 120 минути
- Рибата се чисти, се мие и се посолува.
- Кромидот ситно се сечка и се пржи на загреан зејтин.
- Во испржениот кромид се додава претходно обарен ориз во солена вода.
- Кромидот и оризот се пржат заедно, па се додава малку магдонос, бибер и црвен пипер.
- Во оризот се става сок од лимон.
- Со овој фил од ориз се полни рибата, се зашива со конец, а потоа се валка во брашно и целата се пржи на загреано масло додека да поцрвени.
- Потоа, рибата се префрла во сад за печење и се пече еден час на умерена температура.
- Се сече и служи на крупни парчиња додека е топла.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во