Рецепти
Рижото со ракчиња
Летен ручек за двајца кој оди одлично во комбинација со бело вино
ТИП НА РЕЦЕПТ
РучекТИП НА КУЈНА
ИнтернационалниКОМПЛЕКСНОСТ
ЛесноСЕРВИРАЊЕ
2 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
5 - 35 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Ориз(300 Грама)
Ракчиња(200 Грама)
Магдонос(малку )
Свеж босилек(по вкус )
Кромид(1 Главица)
Лук(2 Чешниња)
Маслиново масло(по потреба )
Пченка(варена 200 Грама)
Сол(по вкус )
ПОДГОТОВКА
Овој рецепт се подготвува за помалку од 35 минути
- Оризот се вари во посолена вода, потоа се процедува и се мие со ладна вода. Се остава во цедалка да се излади.
- Посебно се варат ракчињата во малку посолена и замастена вода, околу 10 минути додека зоврие водата и исчезне мирисот. Потоа се процедуваат и се остават на страна.
- Кромидот и лукот се чистат и ситно се сечкаат, а потоа се пропржуваат во масло. Кога ќе пожолтат се додаваат ракчињата.
- Се динста околу 5 минути со постојано мешање, се додаваат оризот, пченката, па се зачинува со босилек и со магдонос по вкус.
- На крај се посолува и се додава малку маслиново масло по потреба.
- Добро се меша и се соединува на тивок оган. Се сервира додека е топло.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во