Вкусен десерт што одлично оди со чаша млеко
ТИП НА РЕЦЕПТ
ДесертТИП НА КУЈНА
ЕвропскиКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
140 - 250 минутиНесолен путер(3 лажици (за тестото) )
Шеќер(4 лажици (за тестото) )
Сол(1/2 кафена лажица (за тестото) )
Млеко(1/2 чаша (за тестото) )
Јајце(1 (за тестото) )
Брашно(3 чаши (за тестото) )
Квасец во прав(2 кафени лажици (за тестото) )
Вода(1/2 чаша (за тесото) )
Афион(200 Грама)
Путер(113 г (за филот) )
Млеко(1/2 чаша (за филот) )
Шеќер(1/2 чаша (за филот) )
Екстракт од ванила(1/2 лажичка (за филот) )
Рум(1 лажица (за филот) )
Свеж сок од лимон(1 и пол лажица + рендана кора (за фил) )
Сол(1/4 кафена лажица (за филот) )
Цимет(1/4 кафена лажица (за филот) )
За овој рецепт се потребни помалку од 240 минути
- Прво во тенџере на умерен оган ставете ги 1/3 чаша брашно и 1/2 чаша вода и мешајте со жица додека се згусне, па тргнете настрана.
- Префрлете ја смесата во друг сад, додајте путер, сол, шеќер и јајцето изматено со млекото. Потоа додајте го останатото брашно и сувиот квасец и убаво измешајте, па замесете тесто што ќе го изработите добро, околу 10-15 минути.
- Оставете го тестото да стаса 45 минути покриено во топла просторија. Премесете го, па оставете го да отстои уште 35-40 минути.
- Во меѓувреме подгответе го филот од афион: афионот сомелете го кратко, па ставете го во тенџере со 1/2 чаша млеко, околу 115 г путер/маргарин, 1,2 чаша шеќер, 1/2 кафена лажица ванила екстракт, 1 лажица рум, 1 и пол лажица сок од лимон и рендана кора, 1/4 лажичка сол и 1/4 лажичка цимет.
- Гответе ја смесата на рингла на умерен оган околу 5 минути со постојано мешање додека добиете густа паста и оставете ја да се олади.
- Расукајте го тестото во четвртаста кора и премачкајте го со растопен путер/маргарин, а потоа премачкајте го со филот од афион.
- Завиткајте во ролат.
8. Потоа ролатот исечете го на половина. Од секоја половина исечете по 8 парчиња. Вкупно треба да имате 16 парчиња.
9. Ставете ги парчињата едно до друго во намастена тава и оставете ги да стасаат уште 1 час.
10. Печете ги во загреана рерна на 180°C околу 17-20 минути.
11. Оставете ги да се изладат, а потоа одозгора наросете ги со шеќер во прав.