Рецепти
Сицилијански тестенини Ана Ѓорова

Оригинален рецепт од Сицилија во Вашата кујна

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Органски интегрални тестенини(350 Грама)

Лупени домати од конзерва(600 Грама)

Моцарела сирење(300 Грама)

Сирење(100 Грама)

Модар патлиџан(5 Килограми)

Пченкарно масло(100 Милилитри)

Босилек(6 Листови)

Лук(1 Чешне)

Маслиново масло(5 Супени лажици)

Хималајска сол(1 Прстофат)

Бибер(1 Прстофат)

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 150 минути

  1. Исечкајте ги модрите патлиџани на коцки, ставете ги во сад и посолете за да се елиминира водата. Измијте ги доматите, исушете ги и исечкајте ги на коцки.
  2. Ставете од маслиновото масло на тава, ставете го претходно измеленото чешне лук, потоа додајте ги доматите. Гответе 15-20 минути.
  3. Ставете од пченкарното масло во тава и пржете го модриот патлиџан.
  4. Исцедете го убаво маслото и додајте ги коцките модар патлиџан во доматите и листовите босилек и гответе 5 минути.
  5. Исечкајте ја моцарелата на коцки и оставете ја настрана.
  6. Во меѓувреме сварете ги тестенините. Пред да ги процедите, на страна одвојте чашка од водата во која се вареле.
  7. Откако ќе ги процедите, ставете ги во тавата со доматите и модрите патлиџани, додајте моцарела и сирење и ако е потребно додајте вода во која се вареле претходно, потоа мешајте на средна температура сè додека сирењето не почне да се топи.
  8. Тргнете го садот и послужете. Декорирајте со листови босилек.
Колач со круши и бадеми
Лазањи со болоњезе сос
Кростата од бадеми со мармалад
Домашни равиоли со сирење
Канелони со пилешко месо
Ролнички со моцарела
Макарони салата со горгонзола
Домашни канелони со печурки и бешамел сос
Тиквички на милански начин
Фетучини со лосос сос
Кростата со кокос и чоколадо
Лазањи со печурки
Црвен песто сос
Пепероната
Брускети со тиквички
Пилешки ражничи со песто сос
Салата од макарони со кисели краставички и сирење
Шпагети со ќофтиња
Фритата со домати и пиперки
Семифредо со чоколадо
Лимончело
Полнети модри патлиџани
Капоната
Чиабата леб
Сладолед тирамису
Фокача џеновезе
Италијански ќофтиња
Тортелини со пилешко и песто
Домашна наполетанска пица
Бонет

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: