Рецепти
Слатко од вишни Ана Ѓорова

Домашно слатко што е одличен додаток со вашите омилени јадења

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Вишни(1 Килограм)

Шеќер(800 Грама)

Лимонска киселина(3 грама на 1 килограм шеќер )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 70 минути

  1. Вишните добро измијте ги и исчистете ги од семки.
  2. Потоа во тенџере ставете ред вишни, посипете ги со шеќер и лимонтус (дозата е 3 грама лимонтус на 1 килограм шеќер), па повторно така додека ги потрошите состојките.
  3. Оставете ги вишните да отстојат преку ноќ. Ќе пуштат од сокот – не ги цедете.
  4. Утредента ставете го тенџерето на силен оган, па кога ќе зоврие смесата намалете ја температурата и варете го слаткото околу 30-45 минути.
  5. Не го мешајте, само протресувајте го тенџерето и отстранувајте ја пената од површината на слаткото со лажица. Проверете дали е варено – капнете на стаклена чинија, треба да биде густо како мед, варете повеќе за потребната густина.
  6. Вареното слатко претурете го додека е топло во чисти, стерилизирани тегли: може да ги стерилизирате теглите со тоа што ќе ги ставите во зовриена вода во тенџере, па добро ќе ги исушите или во рерна на 200 степени да се загреат околу 5 минути.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: