Рецепти
Сок со аронија
Вистинска витаминска бомба која ќе Ве одржува здрави и свежи во текот на есента и зимата
ТИП НА РЕЦЕПТ
ПијалaкТИП НА КУЈНА
Здрава хранаКОМПЛЕКСНОСТ
СредноСЕРВИРАЊЕ
12 лицаВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА
65 - 120 минути
0
/
5
СОСТОЈКИ Конвертор
Јаболко(4 Килограми)
Праска(2.5 Килограми)
Морков(1.5 Килограм)
Лимон(0.5 Килограм)
Аронија(300 Грама)
Шеќер(2 Килограми)
Вода(10-11литри или колку состојки толку вода )
ПОДГОТОВКА
За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 2 часа
- Јаболката се лупат, се чистат, се сечат на коцки и се ставаат во ладна вода.
- Морковите се лупат, се сечат на парчиња и се ставаат во ладна вода.
- Праските се лупат, се чистат, се сечат на коцки и се ставаат во ладна вода.
- Лимоните убаво се мијат, се сечат на парчиња сосе кората и се блендираат.
- Во седум-осумлитарско тенџере се става водата од јаболката до половина и се ставаат морковите да се варат.
- Откако морковите се обарени, се додаваат 3-4 раце од јаболката, а кога и јаболката се обарени, се вади со црпалка и се става во блендер и од материјалот и од водата, па се блендира и се истура во поголем пластичен сад.
- Постапката се повторува додека се потрошат јаболката, а потоа се додаваат и праските да се обарат и тие се блендираат.
- Кога ќе се заврши и со праските, на крајот се додава аронијата и се блендира. Се додаваат и лимоните, целиот материјал се промешува убаво додека се изедначи.
- Во лонец (за ајвар) се истураат материјалот и водата, па се става на оган и се меша. Кога ќе почне да се појавува пена, со решеткаста лажица се вади, потоа се процедува низ тенка газа, се враќа во лонецот и се става шеќерот (може и да не се става шеќер).
- Откако смесата ќе проврие и шеќерот ќе се растопи, се полни во стаклени шишиња и се затвараат убаво со тапи за да се вакуумираат.
Калкулатор за мерни единици
Тежина
во
Волумен
во
Должина
во
Температура
во