Рецепти
Сок со аронија Ана Ѓорова

Вистинска витаминска бомба која ќе Ве одржува здрави и свежи во текот на есента и зимата

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Јаболко(4 Килограми)

Праска(2.5 Килограми)

Морков(1.5 Килограм)

Лимон(0.5 Килограм)

Аронија(300 Грама)

Шеќер(2 Килограми)

Вода(10-11литри или колку состојки толку вода )

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 2 часа

  1. Јаболката се лупат, се чистат, се сечат на коцки и се ставаат во ладна вода.
  2. Морковите се лупат, се сечат на парчиња и се ставаат во ладна вода.
  3. Праските се лупат, се чистат, се сечат на коцки и се ставаат во ладна вода.
  4. Лимоните убаво се мијат, се сечат на парчиња сосе кората и се блендираат.
  5. Во седум-осумлитарско тенџере се става водата од јаболката до половина и се ставаат морковите да се варат.
  6. Откако морковите се обарени, се додаваат 3-4 раце од јаболката, а кога и јаболката се обарени, се вади со црпалка и се става во блендер и од материјалот и од водата, па се блендира и се истура во поголем пластичен сад.
  7. Постапката се повторува додека се потрошат јаболката, а потоа се додаваат и праските да се обарат и тие се блендираат.
  8. Кога ќе се заврши и со праските, на крајот се додава аронијата и се блендира. Се додаваат и лимоните, целиот материјал се промешува убаво додека се изедначи.
  9. Во лонец (за ајвар) се истураат материјалот и водата, па се става на оган и се меша. Кога ќе почне да се појавува пена, со решеткаста лажица се вади, потоа се процедува низ тенка газа, се враќа во лонецот и се става шеќерот (може и да не се става шеќер).
  10. Откако смесата ќе проврие и шеќерот ќе се растопи, се полни во стаклени шишиња и се затвараат убаво со тапи за да се вакуумираат.
Пуслици со ореви
Дроб во кошулица
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Динстани јунешки ребра
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Овошна векна
Тарт со вишни
Интегрален колач од јаболки
Кростата од бадеми со мармалад
Потпечена зелка со наут
Тарт со праз
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Чоколадни кроасани
Посна пита со праз
Домашна пита со зелка (посно)
Филе Велингтон
Ленени погачици
Печен ослиќ со брокула
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Лимон-колач
Руски колач со афион
Туткана гибаница
Крем чорба од зеленчук
Пикантно свинско
Пита масленица
Куглов погача со сирење

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: