Рецепти
Солен колач со вргањ и сланина Ана Ѓорова

Гурмански рецепт со печурки и сланина како идеја за вкусен ручек

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Вргањ (печурка)(1 Килограм)

Леб(300 Грама)

Јајце(2-3 )

Млеко(200 Милилитри)

Рендан кашкавал(80 Грама)

Сланина(150 Грама)

Путер(40 Грама)

Лук(1 Чешне)

Магдонос(1 Китка)

Кромид(1 Главица)

Жалфија

Рузмарин(1 Гранче)

Сол

Бибер

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 45 минути

  1. Исчистете ги печурките со влажна крпа. Една цела печурка оставете настрана, а другите исечете ги на парчиња.
  2. Средината од леб исто така исечете ја на мали коцки, соберете ги во еден сад парчињата леб и полијте ги со млекото.
  3. Излупете го и исечкајте го кромидот и пропржете го во тава со 30 г путер, заедно со излупениот и згмечен лук, неколку листови жалфија и гранчето рузмарин.
  4. Додајте ги исечканите печурки и пржете ги на силен оган околу 10-тина минути. Зачинете ги со сол и бибер, отстранете ги лукот, жалфијата и рузмаринот од тавата и тргнете ја од оган.
  5. Рерната загрејте ја на 190 степени.
  6. Лебот исцедете го од млекото, вратете го во садот и додајте ги пржените печурки, јајцата, кашкавалот, исечканиот магдонос, солта и биберот. Добро измешајте ја смесата.
  7. Прекријте со масна хартија еден длабок и долгнавест калап, со зафатнина од 1 литар.
  8. Сланината исечете ја на тенки ленти и со неа прекријте го калапот, така што краевите ќе висат преку рабовите.
  9. Наполнете го калапот со смесата, во средината ставете го вргањот, кој го оставивте настрана, па добро израмнете ја површината.
  10. Свиткајте ги навнатре краевите од сланината, кои висат преку рабовите на калапот, па ставете го колачот во рерна да се пече половина час.
  11. Потоа извадете го калапот и оставете го колачот да отстои кратко време, префрлете го во чинија и исечете го на парчиња.
Банана лепче
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Туна ќофтиња
Здрава проја со тиквички
Посни колачи со локум
Тарт со џем од малини
Баклава со јаболки
Пилешки дроб и срца
Пита со блитва и со коприва
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Торта со јаболки и бисквити
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Пита со карамелизирана тиква
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Колач со круши и бадеми
Оревки
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Чорба без масло
Рибја чорба од ослич
Овесни барови со јаворов сируп

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: