Рецепти
Солени палачинки со печурки Ана Ѓорова

Печени палачинки како совршена идеја за вечера

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свежи шампињони(200 Грама)

Млеко(300 Грама)

Путер(100 Грама)

Јајце(5 )

Брашно

Сол(0.5 Кафена лажица)

Бибер(0.5 Кафена лажица)

ПОДГОТОВКА

За подготовка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Скршете 3 јајца и одделете ги белките од жолчките. Белките ставете ги во сад за матење, а жолчките во поголем длабок сад.
  2. Жолчките матете ги со жица за матење и постепено додавајте го млекото и брашното додека смесата не ја добие потребната густина за палачинки. Ако е многу густа, разредете ја со малку вода.
  3. Белките матете ги со миксер и измешајте ги во садот.
  4. Во тава растопете путер и ставете ги исечканите шампињони, посолете ги и пржете додека не испари целата вода од нив.
  5. Во друга тава ставете путер и од смесата со брашното, пржете палачинки од двете страни на вообичаен начин.
  6. Во тавата со шампињоните додајте две јајца и непрекинато мешајте и пржете. Додајте и пармезан, па повторно мешајте и потоа тргнете настрана.
  7. Премачкајте керамичка тава со путер, а секоја палачинка премачкајте ја со филот од печурки, виткајте ја во ролат и ставете во тавата. Печете 15-тина минути на температура од 225 степени додека палачинките не заруменат. Врз готовите солени палачинки наросете рендан пармезан и послужете.
Крофни
Домашен сендвич сладолед
Весела торта
Тарт со џем од малини
Дроб во кошулица
Пита со блитва и со коприва
Посни крокети со спанаќ
Погачки со џем од сливи
Пита со карамелизирана тиква
Динстано месо со печурки
Лут зелник
Лазањи со болоњезе сос
Тарт со вишни
Кнедли од џигер
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Пита со кисела зелка
Пача
Триаголници со јаболки и ореви
Посна сарма со праз и шампињони
Домашна пита со зелка (посно)
Тробоен куглов
Селско месо со чадено свинско
Свинско со праз
Печени компири со говедско месо
Колач од дуњи
Ролнички со соја, праз и печурки
Кокос коцки
Лимон-колач
Штрудлички со јаболко (посно)
Туткана гибаница

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: