Рецепти
Свински ќофтиња во теријаки сос Ана Ѓорова

Вкусни и сочни ќофтиња од свинско месо во теријаки сос од ѓумбир, соја, оризов оцет и сусамово масло. Одличен азиски рецепт за ручек, кој може да го послужите со варен ориз.

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Свинско мелено месо(450 Грама)

Јајце(1 )

Лебни трошки(1/2 Чаша)

Кромид(1 Главица)

Ѓумбир(1 )

Соја сос(2 Чаши)

Млад кромид(4 )

Бибер(1-2 Кафени лажици)

Кафеав шеќер(1/2 Чаши)

Масло од сусам(1/2 Супена лажица)

Оцет од ориз(1 Супена лажица)

Нишесте (пченкарен скроб)(2 Супени лажици)

Сусам(1 Супена лажица)

Ориз(3 Чаши)

ПОДГОТОВКА

За подготвка на овој рецепт се потребни помалку од 60 минути

  1. Излупете половина од ѓумбирот и изрендајте го, а потоа во длабок сад измешајте го со меленото свинско месо. Додајте ситно сечкан кромид, млад кромид, јајце, лебни трошки, 1-2 лажички соја сос и бибер.
  2. Добро промешајте со дланките додека сите состојки не се соединат, формирајте ќофтиња, наредете ги во огноотпорен сад со намрсена хартија за печење и печете ги во загреана рерна на 200°C, околу 35-40 минути.
  3. Во меѓувреме варете го оризот во тенџере со солена вода околу 20 минути, а потоа исклучете ја рерната и оставете го да се крчка уште 5 минути.
  4. Во големо тенџере измешајте соја сос, 1/2 чаша вода, кафеав шеќер, оризов оцет и сусамово масло. Додајте ја и другата половина изрендан ѓумбир и ставете на тивок оган неколку минути колку да се стопи шеќерот.
  5. Растворете го пченкарниот скроб во малку вода и додајте го во тенџерето со смесата од соја сос. Зголемете ја температурата, мешајте и варете додека сосот не зоврие и не се згусне. Кога ќе згусне смесата, веднаш додајте го сусамот и тргнете од оган.
  6. Сега префрлете ги готовите ќофтиња во тенџерето со сосот, внимателно промешајте со лажица и варете 1 минута колку убаво да впијат од сосот.
  7. Послужете го оризот во длабока чинија, додајте ги ќофтињата, полијте од теријаки сосот и декорирајте со парчиња млад кромид на врвот.
Кремаста паста со печурки без масло
Туна ќофтиња
Дроб во кошулица
Пилешки дроб и срца
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Динстани јунешки ребра
Ќофтиња со праз
Потпечени ќофтиња со кашкавал
Експрес-пилешко со зеленчук
Пилешка тава со сланина
Тава со брокула и прокељ
Динстано месо со печурки
Пилешки џигер во пиво
Лазањи со болоњезе сос
Пилешко со лимон
Француско „селско“ месо
Вкусна димена салама
Кнедли од џигер
Потпечена зелка со наут
Интегрален ориз со пилешко и со шампињони
Вегетаријански плескавици
Тава со свинско месо и печурки
Посна сарма со праз и шампињони
Пилешко во павлака
Филе Велингтон
Тестенини со сос од туна
Полнета пастрмка во црно вино (посно)
Ѓевречиња од мелено месо
Зелка на грчки начин

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: