Рецепти
Свинско филе на индонезиски начин Ана Ѓорова

Брзо и лесно печено свинско филе со сос од путер од кикирики, кокосово млеко, сок од лимон и коријандер

ТИП НА РЕЦЕПТ

ТИП НА КУЈНА

КОМПЛЕКСНОСТ

СЕРВИРАЊЕ

ВРЕМЕ ЗА ПОДГОТОВКА


0 / 5
СОСТОЈКИ Конвертор

Кокосово млеко(1 Чаша)

Путер од кикирики-органски(1/2 Чаша)

Соја сос(1/4 Чаша)

Свеж сок од лимон(3 Супени лажици)

Кафеав шеќер(3 Супени лажици)

Лук(2 големи чешниња )

Коријандер(2 Кафени лажици)

Свинско филе(2 мали или вкупно 900 грама )

ПОДГОТОВКА

За овој рецепт се потребни помалку од 35 минути

  1. Во голем сад измешајте ги кокосовото млеко, путерот од кикирики, соја сосот, сокот од лимон, кафеавиот шеќер, мелениот лук и ситно сечканиот коријандер. Од состојките направете хомогена смеса.
  2. Свинското филе исчистете го и со нож направете длабоки засеци одозгора, не целосно на парчиња туку оставете малку дел за да се спојува месото.
  3. Двете парчиња свинско филе отворете ги како книга, покријте ги со пластична фолија и сплескајте ги малку со дрвен чук.
  4. Потоа извадете ја фолијата, ставете ги во садот со сосот од кикириките и оставете да се маринираат 10-20 минути или уште подобро неколку часа во фрижидер.
  5. Месото печете го на скара со сосот 5-7 минути додека се испече од двете страни. Вишокот маринада во садот не го фрлајте. Ако месото го печете во рерна, ставете го во сад врз хартија за печење и печете го 10-12 минути на најсилна температура во веќе загреана рерна.
  6. Додека месото се пече, останатиот сос ставете го во мало тенџере и додајте лажица вода. Зовријте ја смесата и гответе 3 минути, по потреба за поредок сос додајте повеќе вода.
  7. Готовото свинско филе послужете го во чинија и прелијте го со сосот и со гарнир од варен зеленчук по желба.
Јафа бомбици
Банана лепче
Овошен киноа појадок
Сиров чоколаден тарт
Кремаста паста со печурки без масло
Овесни палачинки со банана
Банана залчиња
Туна ќофтиња
Ванила бомбици
Здрава проја со тиквички
Колачиња со банана и урми
Посни колачи со локум
Пуслици со ореви
Баклава со јаболки
Шеќерни прженки
Пилешки дроб и срца
Салата со соја и шампињони
Шарена обланда
Бомбици со суви кајсии и со лешници
Рибја чорба од пастрмка (посно)
Смути од јапонски јаболки и круши
Торта со јаболки и бисквити
Ролат од локум (посно)
Пиле печено во млеко
Манџа со џигер
Посни медени колачи
Динстани јунешки ребра
Овесни колачиња
Тартуфи со суви сливи
Евтин колач со јаболко (посно)

Остави коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. *

*

 
User registration is not enabled

Најави се

Како регистриран корисник ќе можете да: